февруари 10, 2015

Скопје, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со претставници на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Светската асоцијација за активен туризам-АТТА, организираат прес конференција за најава на првата Европска регионална конференција за активен туризам “AdventureNext~Balkans”, чии домаќин ќе биде Македонија.

Станува збор за тридневен самит кои ќе се оддржи во мај, 2016 година и ќе привлече околу 300 европски и светски тур оператори и медиуми. Подетални информации за “ATTA AdventureEDU” и планираните обуки се закажани за 27 и 28 март годинава.

Пред присутните свое излагање ќе има директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски, Крис Дојл- извршен директор на АТТА-Европа, Гергана Николова- развоен менаџер на АТТА-Европа и Мирјана Македонска- заменик директор на проектотна УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Прес Конференцијата ќе се оддржи на 17ти февруари во Клуб на Пратеници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука