јануари 25, 2015

Лондон, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од тимот на популарната Адел најавуваат дека се планира голема светска турнеја догодина.

26-годишната пејачка изминатиот период ги избегнуваше медиумите, особено по раѓањето на синот Анџело во октомври 2012. година. Според последните најави, таа подготвува голем професионален камбек во 2016-та.

– Адел зеде одмор, за да биде мајка, и тоа и` се допаѓа, но бидејќи Анџело веќепорасна малку, таа е подготвена да се врати на сцената. Тоа ќе биде вистинскиголема светска турнеја, по сите краишта на светот, изјави извор, близок допејачката.

Неофицијално, Адел прво ќе го издаде третиот студиски албум во текот на 2016-та година, по што ќе започне и турнејата. (Крај)

извор: Инпрес фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука