мај 7, 2024

Осака, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Додека аеродромите во Доха и Сингапур се натпреваруваат за титулата најдобар на светот, еден друг аеродром се фокусира на поинакво постигнување. Меѓународниот аеродром „Кансаи“ во Јапонија нема изгубено ниедно парче багаж точно 30 години.

Седмиот најпрометен аеродром во Јапонија, кој ги опслужува регионите Осака, Кобе и Кјото, се отвори во септември 1994 и оттогаш ништо не се изгубило таму. Низ него годишно поминуваат меѓу 20 и 30 милиони патници.

– Не мислиме дека правиме нешто посебно. Секој ден го правиме она што ни е работа. Секако, среќни сме што можеме да го добиеме ова признание, изјави портпаролот на аеродромот Кенџи Таканиши.

Специјализираниот британски сајт „Скајтрекс“ го прогласи „Кансаи“ за најдобар аеродром на светот кога станува збор за ракување со багажот на патниците.

„Кансаи“, изграден на вештачки остров во заливот Осака, се најде на 18. место на годинашната листа на најдобри аеродроми на светот. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука