декември 22, 2021

Охрид, 22. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Обвиненијата кои се искажани во поглед на работењето на Директорите на училиштата се паушални и во целост неиздржани, реагираат од Активот на Директори на Основните и Средни училишта од Општина Охрид, кои реагираат на изнесеното на денешната прес конференција од страна на Секретарот на Општина Охрид Александар Китевски.

– Секретарот како вработен во Општина Охрид го организира, координира, обединува и насочува извршувањето на работата и работните задачи во општинската администрација, а работењето на училиштата подлежи врз Законите и законските акти чиј подносител е Министерството за образование и наука. Тврдењето лаги и невистини на неутврдена фактичка состојба е целосно спротивно закон. Наводите изнесени во изјавата на Секретарот се невистинити и неосновани и истиот ниту бар приложил доказ за изнесените тврдења. Ваквите паушални изјави со цел манипулирање на јавноста претставуваат своевиден мобинг врз работењето на директорите и класична политичка хајка за што ќе се побара одговорност од подносителот на ваквите клевети. Имено, ова не е прв пат во еден месец откако е оваа локална власт да се врши своевиден притисок врз директорите на училиштата со усмени и писмени закани. За сето ова ќе оставиме надлежните институции да го дадат своето видување, стои во реакцијата на Активот на Директори на Основните и Средни училишта од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука