мај 12, 2017

Струга, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера, до 14-ти овој месец во Струга се одржува Националната Работилница „Подобрување на функцијата на Советите на млади“ на која ќе учествуваат членови на Совети на Млади и донесувачи на одлуки на локално ниво.

Работилницата се спроведува во хотел „Бисер“, а има за цел да се развијат препораки за зајакнување на функцијата, улогата и капацитетите на Советите на млади, како и за нивно вмрежување како на регионално така и на национално ниво.

Административен асистент на Коалицијата на младински организации СЕГА е Георгина Вељаноска.

Исто така во Струга во тек е уште еден настан наменет за млади. Станува збор за последната од серија тренинг обуки кои се организираат во рамките на Ерасмус+ проектот „Млади маркетинг полисмејкери за одржив развој (Youth Marketing Policy Makers for Sustainable Development – YouMUST)“.

Во наредните седум дена, 32 учесникa, пред се, ќе се фокусираат на современите трендови за зголемување на креативноста и на организационите капацитети во функција на продлабочување на маркетинг практиката во имплементацијата на трите столба на одржливиот развој: економските, социјалните и бенефитите за одување на животната средина, особено преку користењето на социјалните мрежи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука