Алан Пардју се враќа во Премиер лигата?

Вест Бромвич, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот менаџер на Кристал Палас, Алан Пардју, би можел да се врати во Премиер лигата и да седне на столчето на Вест Бромвич Албион. По заминувањето на Тони Пјулис, раководството на ВБА е во интензивна потрага на нов стратег.

Спортскиот директор Ники Хамонд веќе ги направил првичните контакти со Алан Пардју, кого добро го познава од периодот кога заедно работеа во Ридинг. Сега би можеле да ја обноват соработката во редовите на Вест Бромвич Албион.

Покрај Пардју, како кандидати за нов менаџер на ВБА се споменуваат и Сем Алардајс и Мајкл О’Нил. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

scroll to top