јануари 28, 2017

Мадрид, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мадридските медиуми објавија дека Зинедин Зидан ќе му дозволи на Алваро Мората по завршувањето на сезоната да го напушти клубот.

Мората на почетокот од оваа сезона се врати во Реал, откако две години имаше успешни настапи во Јувентус, но според тренерот Зинедин Зидан тој не ги исполнил неговите очекува.

Шпанскиот репрезентативец минатото лето иако имаше понуди од Арсенал и Челзи,реши да се врати во Реал бидејќи добил гаранции дека ќе има место за него во првиот тим,но оваа сезона Карим Бензема добива поголема минутажа од Мората.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука