јануари 17, 2017

Пиреја, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Грчкиот клуб Олимпијакос на својот сајт потврди дека поранешниот фудбалер на Ливерпул, Али Сисоко и официјално е нов играч на клубот.

Сисоко до крајот од оваа сезона ќе игра како позајмен фудбалер од Астон Вила, со право на целосен откуп на неговиот договор после тоа.

Францускиот дефанзивец во Астон Вила пристигна во 2014 година, а претходно настапуваше за Ливерпул, Валенсија, Порто и Лион. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука