февруари 13, 2015

Лондон, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Жените кои се обидуваат да забременат и оние во првите три месеци од бременоста не треба да пијат алкохол, велат лекари од Велика Британија.

Иако предходно се сметаше дека алкохол во раната бременост не штети, Кралскиот колеџ на гинеколози (RCOG), истражувајќи н оваа тема, сугерира на апстиненција, како единствениот начин за сигурност дека бебето нема да е погодено.

Експертите велат дека нема сигурен пат за некомплицирана бременост доколку се пие алкохол во било која форма. (Крај)

извор: ОхридПрес/scientificallutoday фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука