март 5, 2015

Струга, 5.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Американското катче во Струга денеска ќе се одржи презентација на програмите за едукација и за постдипломски студии, финансирани од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија.

Ќе бидат претставени програмите Општа Фулбрајтова програма, на Фулбрајтовата програма за постдипломски студии, Фулбрајтовата сениорска специјална програма (за ученици и предавачи-наставници, професори), како и Програма за едукација во институции во САД.

Корисните информации за граѓаните ќе ги презентираат претставници на Американската амбасада во Македонија.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука