АМСМ: Забрана за тешки моторни возила на патниот правец Струга-Ќафасан

Струга, 2. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга-Ќафасан.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег. Во поголемиот дел од државата врне снег, а во одредени региони и дожд. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

scroll to top