Охрид, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Останува на сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинските превои Стража, Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“ и патниот правец Велес – Катланово. информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2017 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива