Охрид, 16. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности (минирање), патниот правец А2 Кичево-Охрид, делница Пресека-Песочан, денеска ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 11:00 и 14.00 часот, информираат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива