февруари 20, 2015

Лондон, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Арсенал планира да го засили нападот за следната сезона, а прв „пик“ на менаџерот Арсен Венгер е голгетерот на Олимпик Марсеј, Андре-Пјер Жињак.

Играчот на Марсеј треба да му се приклучи на Оливие Жиру како централен напаѓач и главен двигател на играта на „топџиите“.

Жињак оваа сезона постигна 16 гола на 25 средби во француското првенство.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука