мај 29, 2017

Охрид, 29. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Таа беше дамата кој имаше задача да се стави во „кожа“ на кандидатите, да биде ментор кој ќе ги улови првичните недостатоци во настапот на кандидатие и ќе поработи на нивно „пеглање“, пред тие да се претстават на сцената.

Таа е Анита Мицова. И немаше посовршена адреса да се понуди менторската задача, од нејзината, оти и самата таа во 2011 беше една од десетте финалисти на талент шоуто Македоснки идол. За новите искуствата како ментор и впечатоците на Анита од снимањето на Ohrid SUPERSTAR прочитајте повеќе во интервју за Супер радио и ОхридПрес.

Супер радио: Со искуство и како кандидат на талент шоу и неодамна како дел од тимот кој застана зад првото издание на Ohrid SUPERSTAR, беше ли предизвик да ја прифатиш менторската задача и какви се впечатооците?

Мицова: Да, секако дека беше предизвик и со задоволство ја прифатив задачата да бидам ментор. Во целина сум презадоволна од проектот со оглед на тоа дека се одржува за прв пат, впечатоците се само на позитивно и високо ниво.

Супер радио: Професиоално со музика се знаимаваш од 2006 година кога ја сними првата песна. Ама веројатно не би погрешила ако речам дека Македонкиот идол за Анита беше таа отскочна даска во кариерата. Колку е значајно да се случуваат настани од ваков формат и ги има ли доволно кај нас?

Мицова: Навистина точно е тоа дека пред Македонскиот идол имав и свои песни и настапував насекаде низ Македонија, но публиката најмногу ме запозна баш по тоа шоу. За секој дебитант е многу значајно да учествува на вакви талент откритиа и е огромна отскочна даска за секој. Но , на прашањето дали доволно ги има кај нас и самите знаете дека воопшто и нема за разлика од нашите соседни земји, кај кои имаат и X Fastor, The Voice итн.

anitamicova1

Супер радио: Свирките низ клубовите беа твој “тренинг” кој ти помогна да се издвоиш на Македонскиот идол и да се пласираш во 10-те финалисти? Што според тебе беше клучно за успех на Ohrid SUPERSTAR?

Мицова: Па како и кај сите така и кај Охрид СуперС тар не беше доволно само талентот за кој се пријавува учесникот, туку и самиот изглед, харизма, позитива, па ете и искуство.

Супер радио: Имавме 2,5 месеци дружба со кандидатие, организаторите и жири комисијата. Има ли нешто што ти остави силен впечаток, можеби некој настан, анегдота?

Мицова: Она што ми остаде голем впечаток е талентот кај дел од учесниците. Морам да признаам дека во нашиов крај имаме многу талентирани деца за кои се надевам дека еден ден ќе бидеме горди на нив.

Супер радио: Каков совет би им дала на оние кои ете можеби сакаа да се пријават на Ohrid SUPERSTAR, но не собраа доволно храброст?

Мицова: Хм, па нема тука некој совет, освен ако нешто навистина посакуваш и сакаш треба да се бориш за тоа. Пријавувајте се , пробајте, не знаете што може да се случи, не знаете кој ќе запознаете, ете таму навистина не тепаат, не касаат 🙂

Супер радио: Беше во Италија кога те немаше на нашата сцена. Ќе ни раскажеш за тамошните искуства?

anitamicova2

Мицова: Да, интензивно бев 6 години, а сега одам само кога имам закажани настапи таму. Секое искуство е добредојдено ,така да од Италија имам многу, но да бидам кратка, посебен впечаток ми оставаат начинот на живот, размислување и менталитет.

Супер радио: Лани се врати на македонската музичка сцената со “Два животи” и морам да забележам дека песната и кај нас на Супер и низ останатите радио станици помина одлично. Потоа следеа „Снег” и „Биди Добар “. До каде е албумот „Ти сум Јас“ на кој треба да се најдат овие теми?

Мицова: Конечно можам да се пофалам дека готов е дизајнот, најдена е издавачката куќа и средина на јуни ќе биде официјалната промоција. За тоа ќе имате покана и ќе ми биде чест доколку бидете дел од тој настан.

anitamicova3

Супер радио: За крај, дозволува ли динамичното темпо кое сцената го бара, да се постигне да се биде и добар профеионалец и добра мајка и сопруга?

Мицова: Ако имаш сопруг кој максимално те поддржува и ако дома имаш хармонија и позитива тогаш се се постигнува. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука