Мадрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Црвена звезда со 87:83 го победи Реал Мадрид на негов терен, а херој на мечот беше Перо Антиќ кој со тројка во последните секунди ги потопи кралевите.
Во најголемиот дел од натпреварот Црвена звезда беше подобар противник, во третата четвртина имаше и највисоки 13 поени разлика, но Реал Мадрид успеа да се врати и во финишот да изедначи на 81:81.
При резултат 84:83 за Црвена звезда,Антиќ во последните секунди постигна тројка и ги урна сите надежи на Реал Мадрид за пресврт.Македонскиот кошаркар натпреварот го заврши со 11 поени, четири скока и една асистенција.
Најефикасен во тимот на Звезда беше Рочести со 18 поени, Бјелица постигна 16. Кај Реал Мадрид, Дончиќ реализираше 20 поени.По десет кола Реал Мадрид е на седмото место, Црвена звезда на претпоследната, 15. позиција на табелата.
На останатите дуели беа постигнати следниве резултати: ЦСКА Москва – Барселона 92:78 и Панатенаикос-Уникаха 82:71. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива