јануари 28, 2015

Скопје, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Потребни се средства за лекување на шестгодишната Јована од Скопје.

Јована мора да замине на преглед во педијатриската клиника во Љубљана, а семејството не е во можност да ги обезбеди потребните средства. Состојбата на девојчето е влошена и таа има се’ почести епилептични напади. Има дијагноза енцефалопатска епилепсија. Средстава ќе бидат наменети за патни трошоци, сместување, прегледи и испитување на Јована.

Се молат сите хумани граѓани да донираат за малата Јована.

Телефони за донации:

ВИП  – 077 143 177
Т-Мобиле – 070 143 123

Донации можат да се уплаќаат и на сметка:

NLB Тутунска банка

ж-ска: 210700000619190
цел на дознака: донација

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука