февруари 8, 2015

Струга, 8. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Сите граѓани кои можат да помогнат во пронаоѓањето на 27-годишниот Уран Купа од струшкото село Велешта, апелираат од неговото семејство.

– Немаме никаква информација каде би можел да биде. Исчезна на 6-ти февруари, а последен контакт со семејството оствари истиот ден околу 19:00 часот. Последен пат е виден во Струга, информираат од неговото семејство од каде испраќаат апел до сите граѓани, кои имаат информации во врска со неговото исчезнување да се јаваат на телефонскиот број 072/747-400 или во најблиската Полициска станица (192). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука