јануари 25, 2015

Вашингтон, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Апликациите минатата година заработиле пари колку целата филмска индустрија во Холивуд.

Игрите како Angry Birds и мобилната верзија на Facebook на програмерите кои работеле на нив им донеле толку пари, како да се некоја од најпопуларните филмски ѕвезди. Овие фирми вработуваат повеќе луѓе од одредени популарни синџири на ресторани во САД.

Истражувањето кое го спроведе компанијата Asymco, анализирајќи ги податоците за апликациите кои за Apple се продадени преку iTunes минатата година, покажа дека вкупните приходи побрзани со пазарот на апликациите од 2008. година до денес изнесува над 25. милијарди долари.

– Сопствениците на големите апликации како Angry Birds, која е продадена повеќе од 12 милиони пати, заработуваат повеќе и од најголемите филмски ѕвезди, велат од Asymco од каде додаваат дека во истражувањето не била вклучена анализата на Android апликациите.

Додаваат дека само во првата недела на јануари, потрошени се повеќе од 500. милиони долари ширум светот за разни апликации преку iTunes.

Според истиот извор, најпопуларна апликација од оние кои се наплатуваат била Minecraft, а кај оние кои можат да се преземат бесплатно апликацијата за Facebook Messenger. (Крај)

извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука