март 3, 2017

Охрид, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изминативе неколку дена во водата кај каналот „Студенчишта“ се забележуваат голем број на изумрени единки на риби, алармира охридскиот екологист Климент Арнаудов, активист на граѓанската иницијатива „Охрид SOS“.

Арнаудов додава дека недостигот на кислород и изливот на нафта од чамците, допринесува дополнително за поморот.

– Јас речиси секојдневно поминувам од тука. Не е прв пат да се забележуваат изумрени плашици, но она што го забележав во последните два дена, веќе ја надминува границата. Што друго може да се очекува, штом тука се гради канал полн бетон и камен, кој претходен беше полн со плодна мил. Дрвата и трската сега се искорнати. Езерото мора да го заштитиме во целост, вели Арнаудов.

Ова не е прв случај во Охридското Езеро да има помор на плашица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Климент Арнаудов

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука