јануари 8, 2017

Лондон, 8. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Англија јавуваат дека Арсен Венгер покажува голем интерес за плејмејкерот на Јувентус и босански репрезентативец Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ ова лето пристигна во Јувентус за 35 милиони евра, но е далеку од формата која ја имаше во Рома и често е мета на критики.

Сепак, Арсен Венгер покажува сериозен интерес за Босанецот и смета дека ќе биде идеална замена за Санти Казорла кој ја игра последната сезона на „Емирати“. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука