февруари 21, 2020

Охрид, 21. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот „Св. свештеномаченик Харалампиј“ в недела, на 23-ти февруари ќе се служи света архиерејска литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“–Каменско, информираат од Дебарско–кичевската епархија. 

Литургијата ќе почне во во 08:45 часот. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско–кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука