јануари 28, 2017

Мадрид, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Жрепката одлучи фаворитите за освојување на трофејот во Купот на Кралот, Атлетико Мадрид и Барселона да се сретнат во првиот полуфинален меч од ова натпреварување,додека втората полуфинална двојка ја формираа Селта и Алавес.

Во првиот натпревар Атлетико ќе ја пречека Барселона на „Винсенте Калдерон“, а Селта ќе му биде домаќин на Алавес на „Балаидос“.

Титулата во Купот на Кралот ја брани Барселона, првите полуфинални  мечеви ќе се одиграат на 1. и 2. февруари, а реванш средбите се една недела подоцна. (Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука