јануари 2, 2020

Охрид, 2. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Големата Бадникова пештера, која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос, е веќе поставена на Градскиот плоштад во Охрид.

Истата е подарок за градот од Бигорскиот манастир, а е дело на вредните монахињи од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Пештерата е широка 2,5 метри и висока 3 метри. Направена е од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце.

Во меѓувреме се во тек подготовките за седмата по ред Бадникова поворка, што наскоро ќе се одржи во Охрид.

Се очекува на Бадник стотици деца пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ низ охридските улици да ја најават радосната вест за Христовото раѓање. Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука