февруари 3, 2020

Брисел, 3. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Судот во Брисел изрече тригодишна затворска казна за украден велосипед и оцени дека станува збор за „еколошки злостор“.

Судијата оценил во својата аргументација дека со кражбата на велосипедот не само што е нанесена материјална штета, туку жртвата е приморана поради оваа кражба да користи превозни средства кои загадуваат значително повеќе од велосипедот, и со тоа е нанесена и еколошка штета бидејќи другите превозни средства придонесуваат за глобалното затоплување.

Крадецот доби строга тригодишна затворска казна, која несомнено се должи и на фактот што станува збор за рецидивист. Осудениот 41-годишник претходно седумнаесет пати бил осуден за слични кражби за кои добил дванаесет години куси условни затворски казни.

Судијата изјави дека е неприфатливо што судот не ги применил ниеднаш овие казни досега и дека овој пат осудениот мора да отслужи три години затвор без можност за апелација.(Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука