јануари 23, 2017

Лондон, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Тотенхем ја одбила понудата на Кристал Палас од 8 милиони фунти за дефанзивецот Бен Дејвис и фудбалерот ќе остане во тимот.

Дејвис нема голема минутажа кај Маурисио Покетино покрај Дени Роуз и зимава се засилија шпекулациите дека тој ќе биде продаден.за негова продажба, но до такво нешто нема да дојде оваа зима.

Проблемите на екипата од „Вајт Харт Лејн“ во одбраната се заголемија по повредата на Вертонген, кој ќе паузира шест седмици, па челниците на клубот одлучија да не го продаваат Дејвис во овој зимски преоден рок. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука