август 27, 2019

Берлин, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градските власти во Берлин планираат да ја ограничат месечната закупнина за станови на 7,97 евра за метар квадратен, како дел од планот за замрзнување на висината на киријата кој беше договорен претходно годинава, објави весникот „Тагешпигел“, повикувајќи се на нацрт-законoт.

Берлинската сенаторка за урбан развој, Катрин Ломпшер, планира ваквата мерка да ја воведе за станови изградени до 2013 година, а од неа би биле исклучени становите изградени по 2014 година.

Предлог-законот сè уште е предмет на дискусија и може да претрпи измени, наведува весникот.

Се очекува сенатот до 15-ти октомври да го достави нацрт-законот до градскиот парламент, а законот би требало да стапи на сила во јануари следната година.

Берлинските власти одлучија дека кириите за станови не смеат да се зголемат во наредните пет години, со цел да го контролираат вртоглавиот пораст на цените на недвижностите во германската метропола која некогаш била позната по ниските трошоци за живот. (Крај)

извор: Centar фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука