јануари 28, 2015

Скопје, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од Seavus талент програмата, почнувајќи во март, Seavus ќе организира две бесплатни обуки за популарниот програмски јазик Java и .NET системот за развој на апликации.

Обуките се наменети за дипломирани или студенти во последна година на студии на факултетите за информатички и компјутерски науки.

Двете обуки ќе траат 14 работни дена, 4 часа на ден со интерактивни предавања, практични вежби и работилници водени од Seavus експерти со повеќегодишно искуство стекнато на проекти за реномирани светски компании. Кандидатите преку обуката ќе се стекнат со практично искуство кое ќе овозможи успешно развивање на функционални Java и .NET апликации. На крајот од обуката, најдобрите и најуспешни учесници ќе имаат шанса да се вработат како дел од Seavus тимот.

Java oбуката ќе се одржи во два дела. Првиот дел се фокусира на детално изучување на Java програмскиот јазик и има за цел да објасни концепти како што се основните елементи на јазикот, работа со објекти, интерфејси, класи и методи, организација на класи и контрола на пристап, исклучоци (exceptions), влезни и излезни текови и конкурентност. Вториот дел се надоврзува на совладаниот материјал од првиот дел и продолжува со теми како што се работа со релациски бази на податоци и SQL, JDBC, и ОРМ (Hibernate), опфаќа концепти на веб-програмирање и завршува со напредна тема за автоматско тестирање на компоненти.

Обуката за .NET ќе ги обработи темите од областа на развој на софтверски процеси, алатки и архитектура; објектно-ориентирано програмирање во C#; развој на база на податоци во MS SQL Server; SPA со ASP.NET MVC; тестирање на компоненти, итн. Учесниците ќе ги истражат основните концепти и постепено ќе напредуваат кон напредни концепти кои ќе им овозможат да развијат еднострана апликација (Single-page application). Со учество во .NET обуката се стекнува пошироко познавање на .NET Framework и алатките за развој и тимска соработка и учесниците ќе можат да развијат апликации користејќи C#, MS SQL Server и JavaScript.

Изборот на учесници е по пат на технички тест (Java,.NET) и тест за познавање на англискиот јазик. Пријавување на http://jobs.seavus.com/hot-positions.aspx, за “Java/.NET Trainee”, најдоцна до 4 февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука