јуни 9, 2024

Охрид/Струга, 9. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за три случаи на насилство во Охрид и Струга, при што се регистрирани упатени закани кон членови на семејството, како и два случаи на физички напади.

На 8-ми јуни 2024 година, во 14:50 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 23-годишен охриѓанец, кој претходно, во семејниот дом бил агресивен и упатувал закани кон членови на неговото семејство. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 8-ми јуни 2024 година, во 23:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 18-годишна девојка од Охрид, кај Градскиот парк во Струга била физички нападната од неколку женски лица. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 8-ми јуни 2024 година, во 22:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, лице од Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука