септември 1, 2024

Охрид, 1. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви август 2024 година, во 00:35 часот, 32-годишен охриѓанец, пријавил во СВР Охрид, дека еден ден претходно, на 30-ти август 2024 година, во 22:10 часот во угостителски објект во Охрид бил физички нападнат од страна на пет лица.

Според неговата пријава, едно од лицата му упатило и закани со огнено оружје.

– Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука