март 29, 2024

Струга/Куманово, 29. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 63-годишно лице од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

– На 26-ти декември 2018 до општина Струга, пријавениот поднел барање за легализација на бесправно изградени објекти, а употребил лажни фалсификувани исправи, купопродажни договори за 41 апартман во комплекс на апартмани во Струга заверени кај нотар од Куманово. Исто така, пријавениот во комплексот на апартмани, во повеќе наврати нелегално издавал апартмани кои не биле во негова сопственост, ниту добивал согласност од сопствениците на апартманите. информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука