Охрид, 10. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
– Тој, на 18-ти август 2022 година, во 21:15 часот, по претходно нарушен јавен ред и мир на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива