јуни 7, 2017

Лондон, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Расте вредноста на дигиталната валута. Биткоинот достигна вредност од речиси 3.000 долари по коин, што е досега рекордна цифра за најпопуларната криптовалута.

Според податоци на CoinDesk Bitcoin Price индекс, еден биткоин денеска вреди 2.911 долари со што е надмината досега највисоката вредност од 2.791 долар што биткоин ја имаше на 25 мај.

Криптовалутата подоцна имаше пад – на 1 јуни изнесуваше околу 2.300 долари, а потоа нагло се зголеми достигнувајќи ја денешната бројка за само два дена.

Биткоинот е дигитална валута, која настанала пред помалку од десет години. Овие пари се генерираат во сложени компјутерски процеси и се тргуваат на платформи на интернет наспроти традиционална валута. Системот ја користи технологијата на „блок-чејн“. Станува збор за шифрирана база на податоци во која се чуваат сите трансакции.

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука