јуни 7, 2023

Охрид, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот Бобан Кочески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид го освои првото место на видео-конкурсот кој на тема „Образование“ го распиша Фондацијата „Метаморфозис“.

Право на учество на конкурсот имаа сите млади лица на возраст од 14 до 29 години, а учесниците требаше да создадат кратко видео поврзано со темата „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното, средното или високото образование.

Според гласовите на комисијата, првото место на видео-конкурсот го освои авторот Бобан Кочески од Охрид, за своето видео во кое се зборува за важноста од зачувување на менталното здравје кај учениците поради притисокот со кој тие се соочуваат за време на учењето.

– Успехот не смее да го жртвува нашето ментално здравје. Треба да се грижиме за себе и за својата благосостојба пред сè друго, без да се споредуваме со другите. Ова е особено важно за младите кои се изложени на притисок и очекувања во училиштата и на работните места, се вели во првонаграденото видео.

Бобан ќе добие ваучер за IT опрема во износ од 15.000 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука