јули 12, 2017

Охрид, 12. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан, во петок, 14-ти јули, во истоимениот манастир во село Опеница ќе се служи вечерна богослужба и света литургија, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Вечерната богослужба ќе започне во 19:00 часот, а литургија ќе има во 8:30 часот.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука