февруари 2, 2017

Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 3. февруари, петок, во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот Св.ап. Тимотеј (именден на Митрополит Тимотеј).

Богослужбата ќе биде со почеток во 16:00 часот. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Додека на 4. февруари, сабота, со почеток во 8.45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон – Плаошник“ – Охрид (едноцрквие). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука