јули 26, 2019

Охрид, 26. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во сабота, на 27-ми јули 2019 година, во црквата „Света Богородица Болничка“ во Охрид, со почеток 18:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. маченици Кирик и Јулита“.

Во недела, на 28-ми јули 2019 година, со почеток во 07:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба и света божествена литургија, по завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува православните верници на заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука