јуни 29, 2018

Охрид, 29. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во понеделник, на 2-ри јули 2018 година, во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид, со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“.

Со вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Во вторник, на 3-ти јули, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука