јануари 13, 2020

Вевчани, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Маските на Боки 13, Катица Јанева, Жолтите елеци беа меѓу оние кои провлекоа најмногу внимание на годинешното издание на Карневалот во Вевчани.

Како и секоја година, вевчанци ја покажаа својата уникатност и креативност. Гостите се одзваа на прашањето „Кеојш“ и дојдоа во Вевчани да се направат Василичари. Под мотото „Напрај се Василичар“, вчера започна годинешното издание на Вевчанскиот карневал.

Image may contain: 14 people, people smiling, crowd and outdoor

Image may contain: 4 people, crowd and outdoor

Маските се подготвуваат подолг период наназад, инспирирани од случувањата во јавниот живот во земјата и светот. Сепак, традицијата налага тие да се чуваат во тајност, а беа откриени токму денес, на дефилето на маските. Василичарите го чекаат денешниот ден, 13-ти јануари за официјален старт на карневалот стар со милениуми.

Image may contain: 5 people, people standing and crowd

Image may contain: 5 people, crowd and outdoor

Вевчанскиот карневал завршува утре, на 14-ти јануари со традиционалното палење на маските.

Image may contain: one or more people, crowd and outdoor

Image may contain: 1 person, walking, crowd and outdoor

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години. Учесници се околу 1.500 василичари. Попатно на поворката се придружуваат соселани од сите селски маала кои се упатуваат кон изворите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Вевчански Карневал

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука