Бостон, 14. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бостон Селтикс, кој е лидер на Источната конференција го победи тимот на Денвер Нагетс. Селтикси победија благодарение на експресно брзиот Ирвинг кој реализираше 33 поени и кој, постојано се надигруваа со противничкиот играч на Денвер, Харис кој постигна 36 поени.
https://youtu.be/CwKzOrLGDdQ
На другата страна на западната конференција, лидерот Хјустон Рокетс успеа да ја реализира 11. победа по ред, совладувајќи го тимот на Шарлот со 108:96. Хјустон постојано ја држеше играта под контрола благодарение на Крис Пол и ,,Брадата“ Харден. Пол постигна 31 поен, 11 асистенции и 7 скокови, а Харден, даде 21 поени, 8 асистенции и 4 скокови. Центарот на Шарлот, Хауард беше најефикасен постигнувајќи 26 поени за поразениот тим.
извор: Дерби.мк фото: архива