мај 6, 2023

Гостивар/Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од Електромашинскиот училиштен центар – OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид учествуваа на традиционалното образовно рандеву МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија), кое годинава се одржа во Гостивар.

Учениците од Локалната младинска организација освоија голем број награди и тоа:

1. Најдобар штанд во кој учествуваа учениците:
Тамара Демир, Селма Ислами, Даниел Котоски, Дејан Ѓуклески, Леонтина Петкоска, Марија Илоска, Антонио Шулески, Горазд Јованоски, Мирсад Шеј, Мухамед Асан, Арсениј Ѓоршески, Џенис Асаноски, Ангел Крстески, Ана Спироска, Ана Атанасовска, Лука Доленц, Георги Прензоски, Љуман Бајрам, Даниел Ковачески, Филип Атанасов, Христина Ристоска, Климент Маријаноски и Филип Гугоски, под менторство на координаторката на ЛМО при ЕМУЦ, Ирена Ралева- Најдевска, го освоија првото место;

2. Во категоријата најдобра веб-страница учество зедоа: Ана Новеска, Бојан Иловски, Александар Трпески, Владимир Смилески, под менторство на професорката Александра Настеска-Николоска, го освоија првото место;

3. Во категоријата најдобра фотографија, ученикот Марко Апостолоски, под менторство на професорката Билјана Божиноска, го освои првото место;

4. Во категоријата најдобра видеореклама учествуваа: Бобан Кочески, Ален Бајрам, Иво Јовчески, Димитар Димоски, под менторство на професорот Ацо Вретоски и освоија второ место;

5. Во категоријата пинг-понг учествуваше Климентина Модева, под менторство на професорот Валентино Костадиноски и го освои третото место;

6. Во категоријата јавно говорење учествуваше ученикот Бобан Кочески, под менторство на професорката Билјана Божиноска и го освои првото место

Од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид испраќаат честитки до сите ученици и нивните ментори за постигнатиот успех.

На МАССУМ учествуваа и ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ кои ги освоија следниве награди:

Прво место – Адела Абас во категоријата Интервју за работа, ментор Жаклина Милеска;
Трето место – Александар Бојчовски во категоријата Кариерно портфолио, ментор Жаклина Милеска;
Трето место за двата филма под менторство на Андријана Паскали, ученици: Ивана Котеска, Ана Мари Коцевска, Кристијан Танески, Стефанија Битолкоска, Матеј Илоски, Тамара Стојаноска, Марио Јованоски;
Трето место во категоријата Најдобар штанд по менторство на Елеонора Куноска и Александар Крајчевски, ученици: Марија Шокароска, Јована Стојоска, Дилек Умер, Драгана Сајческа, Сара Шајноска, Мартина Димитрова и Софија Ническа.

Учениците учествуваа и во следните категории:

Маркетинг план – ученици: Александар Бојчовски, Јоана Темелкоска, Петра Грмашкоски, Ивана Крстаноска, ментор Елеонора Куноска;
Јавно говорење – Подготвен говор – Кристина Паскоска, ментор Доца Цветкоска;
Најдобар бенд и соло изведувач:
Бенд: Андреј Пуфтоски – хармоника
Мила Тотеска – виолина и вокали
Матеа Тотеска – флејта
Христијан Донески – ударни инструменти
Андреа Цацаноска – вокали
Соло изведувач – Марија Младеноска ментор Љупчо Аслимоски;
Најдобра видео реклама – Кристијан Танески, Матеј Илоски, Маја Коровеш, Марио Јованоски, ментор ЖаклинаМилеска;
Најдобра фотографија – Мила Јованович, ментор Весна Маркоска;
Марио Јованоски, ментор Жаклина Милеска;
Најдобра модна ревија – Тамара Стојаноска, Евгенија Ническа, Михаела Младеновска, Бојана Котеска, Ана Ристеска, Михаела Јошевска, Марија Жилеска, ментор Андријана Паскали;
Најдобра поетска творба – Камелија Николова, ментор Доца Цветкоска;
Најдобра екипа во серва – Филип Митрески, Кристијан Лошкоски, Марија Јулчоска, Ивана Николоска, ментор Дарко Симјаноски.

Од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ до сите ученици и нивните ментори испраќаат честитки за успехот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука