јануари 17, 2022

Скопје/Охрид, 17. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Забележливо зголемување на бројот на активни случаи на Covid-19 од почетокот на годинава.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за 31-ви декември на државно ниво регистрирани се 5.135 активни слуачи, за во последниот извештај, заклучно со 15-ти јануари да има вкупно 16.132 случаи.
Охрид ја заврши 2021-ва со 262, за моментално да има 565 активни ковид случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100.

Изминативе неколку недели, здравствените власти потенцираат дека зголемени се амбулантските прегледи. Неодамна, директорот на охридската болница д-р Горан Балески информираше дека на инфективното и интерното одделение има и до стотина прегледи на ден.

Во четврток треба да почне второто полугодие за основците и средношколците, но со оглед на високите бројки на новозаболени надлежните треба да донесат одлука дали истото ќе почне навреме и како ќе се одвива наставата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука