јануари 13, 2023

Скопје/Охрид, 13. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во ноември 2022 година земјава ја посетиле 56.886 туристи, од кои 36.2 % се домашни туристи, а 63.8 % се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на ноќевањата изнесува 124.969, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари-ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2 %, а кај странските зголемувањето е за 84.5 %.

Во периодот јануари-ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 23.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9 %, а кај странските зголемувањето е за 72.2 %.

Странците најмногу престојувале во Скопје каде и направиле најмногу ноќевања.  Домашните туристи пак, најмногу престојувале покрај езерата но најмногу ноќевања направиле во бањите.

Најмногу странски туристи биле од регионот. Од Србија 3.928 туристи, Грција 2.825, Албанија 2.459, Бугарија 1.866 и Косово 1.563. Од другите држави над 1.472 туристи имало од Германија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука