јануари 26, 2022

Софија, 26. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата со автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 45 македонски граѓани, соопшти заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов.

Како што кажа Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

– Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина, изјави Сарафов за „БТВ“.

Тој вели дека сега останува по судски пат да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23-ти ноември. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе, а се спасија седум од патниците. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука