јануари 24, 2015

Мелбурн, 24. јанаури 2015 (ОХРИДПРЕС) – Актуелниот шампион Стен Вавринка однесе чиста победа во три сета против Јарко Ниеминен во средба од третото коло на Отвореното првенство на Австралија.

Швајцарецот беше подобар од финскиот тенисер со 6-4, 6-2, 6-4 во натпревар кој траеше еден час и 51 минути.

Во следниот круг Вавринка ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Канаѓанецот Вашек Поспишил и Шпанецот Гиермо ГарсијаЛопез.

Милош Раонич исто така немаше посебни проблеми во натпреварот против Бенјамин Бекер и го победи Германецот со 6-4, 6-3, 6-3. Ривал на Раонич во 1/8 финалето ќе биде Фелисиано Лопез. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука