јуни 4, 2021

Лондон, 4. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фустанот што принцезата Дијана го носеше на свадбата со принцот Чарлс во 1981 година е изложен во нејзиниот поранешен дом, палатата Кенсингтон во Лондон.

Нејзините синови Вилијам и Хари се согласија да го позајмат фустанот за изложбата, која се отвори еден месец пред она што ќе беше 60. роденден на Леди Ди.

Венчаницата беше дизајнирана од Дејвид и Елизабет Емануел и содржи 7,6 метри долг вел, кој го исполни коридорот во катедралата „Сент Пол“.

– Ова е една од најпознатите венчаници во историјата, велат организаторите на изложбата.

Таа се фокусира на облеката дизајнирана за членовите на британското кралско семејство, вклучувајќи ги Елизабета Втора и нејзината мајка.

– Кога Дијана и Чарлс ми се јавија да направиме венчаница за неа, тоа беше еден од оние чудни моменти после кои знаеш дека твојот живот веќе нема да биде ист, вели Елизабет Емануел. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука