Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Црковниот одбор при храмот „Света Недела“ во селото Лакочереј, а по повод црковната и селска слава, Света Недела ги известуваат верниците за распоредот на службите.
– Вечерва, петок, 19-ти јули 2024 година, од 19:00 часот ќе се служи вечерна Богослужба, а во сабота, на 20-ти јули 2024 година, од 08:00 часот Света Литургија. Ве очекуваме во што поголем број, достојно да го одбележиме празникот, потенцираат од одборот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2