август 27, 2017

Охрид, 27. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица ќе се служи богослужба и литургија.

Попладнево од 17:00 часот во истоимената црква во Каменско, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело. Со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Утре пак, на денот на празникот, попознат како Голема Богородица, во оваа црква од 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука