февруари 12, 2015

Охрид, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Овој викенд во Охрид ќе гостува популарниот рок – метал гитарист од Босна и Херцеговина, Емир Хот, кој ќе настапува заедно со охриѓанецот Дамјан Пејчиноски.

Концертот ќе биде во недела, 15-ти февруари.

За посетителите и гостите во клубот Jazz INN во Охрид, каде ќе се случува големиот музички настан, ќе биде вистинско изненадување да се види и слушне во живо гитарист од метал сцената, кој е познат не само во рамките на Балканот, туку и во Европа. Емир Хот е образован музичар, кој го стекнал образованието во музички училишта во Тузла и Лондон. Бил член на неколку метал-рок бендови. Издавањето на албумот „Deserted Land“ со бендот Neon Knights му донел голем број на настапи и турнеи низ Европа.

Дамјан Пејчиноски е еден од веќе докажаните македонски гитаристи, кој лично од Влатко Стефановски е именуван за еден вид негов наследник.

Заедничкиот настап на Дамјан Пејчиноски и Емир Хот во Jazz INN ќе биде со почеток во 21:30 часот. Влезот е 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука