февруари 9, 2015

Охрид, 09. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти овој месец во Факултетот за туризам и угостителство Охрид ќе се одржи Визитинг предавање, во склоп на проектот ФТУ – Охрид во рамките на меѓународната соработка.

Предавањето ќе го изведат претставници на Факултет за туризам и економија и Одделението за Економија и туризмот во Полска.

Пред студентите и заинтересираните ќе се обратат: Д-р Јоана Херник од Полска, потоа претставник на програмата Еразмус од факултетот во Охрид, претставници на факултетот за економија од Полска и Западниот Померански Универзитет за технологија од Полска.

Предавањето ќе биде со почеток во 12.00 ч. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука